
Роналдо, пред новинарите, кажа каде ќе игра следната сезона
Откако ја освои Лигата на нации со Португалија, Кристијано Роналдо ги разјасни бројните шпекулации за неговата иднина и потврди каде ќе игра следната сезона.
Роналдо (40) објасни дека ќе остане во Ал-Наср следната сезона, и покрај бројните гласини за можно заминување.
Неговото име се поврзуваше со неколку клубови како што се Бока Јуниорс или Видад Казабланка, кои учествуваат на Светското клупско првенство, на кое Ал-Наср не игра, но Роналдо ќе остане во Саудиска Арабија.
„Не можете да имате сè, мора да размислувате краткорочно, среднорочно и долгорочно. Решив да не одам на Светското клупско првенство, иако е вистина дека имав многу контакти“, изјави Роналдо за португалските медиуми.
Исто така, имаше гласини дека Роналдо би можел да се пресели во друг поамбициозен саудиски клуб откако Ал-Наср не ја освои титулата, но тој рече:
„Практично ништо нема да се промени. Дали ќе бидам во Ал-Наср? Да“, рече Роналдо, со што ги реши сите дилеми каде ќе игра следната сезона.