
Пред два дена шпанска „Марка“ објави информација дека постигнат е договор и Кристијано Роналдо кариерата ќе ја продолжи во Ал-Наср за договор вреден 200 милиони долари по сезона.
Таа сума ќе го направи Роналдо најплатен спортист во историјата, но значи и дека Португалецот нема да игра сериозен фудбал на високо ниво во остатокот од кариерата.
Набрзо потоа Пирс Морган и Фабрицио Романо демантираа дека Роналдо ја прифатил понудата.
По вчерашниот натпревар на Португалија против Швајцарија кој Роналдо го започна од клупата новинарите го запрашаа Португалецот и за таа информација.
„Не, тоа не е вистина. Сега сакам да му посакам добро здравје на Кралот на фудбалот, Пеле“, кратко одговори Кристијано.