Роналдо: Жалам што порано не потпишав за Ал-Наср

Кристијано Роналдо изјави дека е среќен во Ал-Наср и дека жали што порано не потпишал за саудискиот тим.

Португалецот кон крајот на минатата година го раскина договорот со Манчестер јунајтед и потпиша две и пол годишен договор со Ал-Наср за неверојатна плата од 200 милиони евра по сезона.

Тој на дуелот од саудискиот Кралски куп кој се играше во понеделникот на кој неговиот тим славеше со 5:2 против Ал-Шабаб, постигна еден гол и дојде до бројката од 50 гола во 2023 година.

„Многу сум среќен што играм за Ал-Наср и среќен сум што и во иднина ќе играм за овој тим. Навистина ми е жал што порано не дојдов, но сега сум тука и ќе дадам се од себе да му помогнам да тимот да биде успешен“, изјави Роналдо.