Роналдињо започнува со организација на светска лига во уличен фудбал. Целта да им даде шанса на талентираните млади играчи да ги покажат своите вештини и да го минат истиот пат до славата како и легендарниот бразилски фудбалер.
Глобалната улична лига Роналдињо (РГСЛ) ќе стартува на крајот на оваа година.
На почетокот ќе се спроведе тестирање преку социјалните мрежи каде играчите во уличен фудбал од сите возрасти ќе можат да ги постираат своите вештини во обид да се вклучат во еден од тимовите кои ќе се натпреваруваат во светската лига.
Натпреварите во вештини ќе бидат организирани во големите градови ширум светот, а екипите ќе се натпреваруваат во лигата за титулата „РГСЛ шампион“, додека најдобрите играчи ќе се вклучат во личниот тим на Роналдињо.
Организаторите, засега, не се соопштија детали за локациите и точниот датум за почеток на светската лига во уличен фудбал.