Романска тенисерка: Подобро да си убава, отколку да си најдобра во свет

Сорана Кристеа – тенисерка од Романија зборуваше за суровиот свет на женскиот тенис и спонзорските договори, а нејзините зборови сите ги шокираа.

Романката кажа дека познатите светски брендови на тенисерките гледаат како на фото-модели, а не како на спортистки.

„Се сеќавам на еден спонзорски договор кој го потпишав. Тие постојано ми зборуваа дека е подобро да изгледам добро и да бидам во топ-20, отколку да бидам грда и да бидам прва во светот. Кога си во топ-20, те забележуваат секаде, седум дена во неделата и на секој турнир“ – вели таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sorana Cirstea (@soranacirstea)