Романија откри уште еден неидентификуван објект што ѝ го нарушил воздушниот простор

Романските радарски системи за само неколку дена откриле втор дрон кој го нарушил воздушниот простор на земјата, а борбените авиони кои полетале во текот на ноќта не го забележале, соопшти денеска романското Министерство за одбрана.

Во четвртокот доцна вечерта, воените радари открија мал летечки објект, веројатно беспилотно летало, кој се упати кон Констанца пред да се изгуби сигналот, објави Ројтерс.

Борбените авиони не го забележале дронот, а романскиот премиер Марсел Чолаку вчера изјави дека Министерството за одбрана ја анализира можноста дека имало „сајбер предизвик, бидејќи пилотите немале визуелен контакт со дронот“.

Уште еден дрон е откриен синоќа, на околу 19 километри во внатрешноста, исто така во југоисточниот округ Констанца.