Романија е подготвена да прими 500.000 бегалци од Украина

Романија се нуди да им помогне на Украинците, подготвени се да примат 500.000 евентуални бегалци.

Министерот за одбрана на Романија – Василе Данчу најави дека се подготвени да примат бегалци, планираат да отворат прифатни центри, особено во големите градови долж заедничката граница која изнесува 650 километри.

„Проценките се во тек. Можеме да примиме повеќе од 500.000 бегалци, тоа е бројка за која сме подготвени“ – рече Данчу.

Евентуално бегалците би можеле да изберат да заминат и во Полска. Унгарија испраќа војска на границата со Украина долга 137 километри, а и Словачка е подготвена за можен бран бегалци.