„Незадоволството од работата на Владата доведе до зголемување на бројот на оние кои се приклучуваат на оваа група, која бара смена на Артан Груби од партијата и од извршната власт, како и од другите министри, кои се обвинети за нереализирање на партиската програма но и за раздор во ДУИ“ вели Изет Меџити.
Синоќа на својот Фејсбук профил објави дека и членот на Централното собрание на АА, Роланда Превала Кадриу, се приклучила, како што вели, на каузата што ја предводи огнената група во рамките на ДУИ.
„Нашата реакција се сфаќа како искрена, таа се одрази не само во структурата, туку и надвор од структурата. Особено кога една опозициска партија една година пред избори кога останува само еден буџет да се реализира без политички аргументи, односно без динамика, влегува во Влада само да намами некои функционери. Зборувам за Алијанса за Албанците, што значи дека тие поминаа 10 години стоејќи зад раководството и на крај да направат дневни пазари“, рече Меџити, инаку потпретседател на ДУИ.
„Остануваме на ставот дека ќе се бориме во рамките на Демократската унија за интеграција, затоа што од првиот ден сме таму, така што го знаеме духот, ја знаеме програмата на ДУИ. Мислам дека овој народ кој 20 години ја поддржува оваа партија заслужува многу подобра извршна власт, со повеќе реализации, со повеќе проекти а не извршна власт од Фејсбук или лажни промоции“ – додаде тој.