Рок групата Kiss ги продаде правата на музиката и брендот за 300 милиони долари
Американскиот хард рок бенд Kiss ги продаде своите песни и правата на брендот на шведски музички инвеститор за 300 милиони долари.
Стокхолмската компанија Pophaus Entertainment ги откупи правата на брендот и интелектуалната сопственост, објави Би-Би-Си.
Боб Дилан и Брус Спрингстин ги продадоа своите песни и бренд – се верува за 500, односно 450 милиони долари.