Рокас ги олади плановите за членство во ЕУ без право на глас

Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Михалис Рокас, ги спушти на земја плановите во регионот, а и во нашата земја, дека е можно некакво получленство во Унијата во 2027, во кое новите земји би влегле без право на вето.

Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Михалис Рокас, ги спушти на земја плановите во регионот, а и во нашата земја, дека е можно некакво получленство во Унијата во 2027, во кое новите земји би влегле без право на вето.

Процесот на пристапување во ЕУ е дефиниран во договорите на Европската унија. Не постои такво нешто кое би предвидувало во тие договори дека ќе може да предвиди за секоја успешна земја што ќе ги исполни условите за членството во ЕУ да го нема, на пример, правото на глас или, пак, да го нема правото на вето. За секоја промена треба да се согласат сите членки на Европската Унија, изјави Рокас при денешниот престој во Прилеп.

„Ако такво нешто се промени се разбира дека тоа тогаш би предвидувало промена на постојните договори на ЕУ. За да се променат тие договори потребна е едногласност од сите членки на Унијата. Во моментот постои политичка дебата во ЕУ и во регионот тука во врска со тоа за напорите на Европската унија како, всушност, во таков случај би ги третирало, ако има, 4-5-6 успешни земји кандидати и што би значело нивното примање во ЕУ. Истовремено, Европската унија се обидува да даде итни одговори и на постојните светски предизвици. Така што, постои дебата во рамките на Европската Унија во сите области. Меѓутоа, за овој момент, договорите на ЕУ се такви какви што се и остануваат. Сега голем и врвен приоритет за вашата земја е да продолжи со имплементација на реформите, што, всушност, е јасен пат за имплементација на реформите за Република Северна Македонија“, изјави Рокас одговарајќи на новинарското прашање која е можноста да се остварат изјавите на премиерот Мицкоски дека е можно Западен Балкан и Украина да влезат во Европската унија без право на глас.

Рокас не сакаше да го коментира случајот на поранешниот вицепремиер Артан Груби, само нагласи дека „нашиот став секогаш е дека сите треба да бидат еднакви пред законот. Владеењето на правото треба да се спроведува еднакво и не треба да има никаква политизација или вмешување во спроведување на правото ниту во поединечни ниту во сите случаи“.

Тој нагласи дека Унијата е во исчекување на сеопфатен и добар Кривичен законик.