Родри се враќа во составот на Манчестер сити

Освојувачот на „Златната топка“ за 2024 година, Родри, ќе му биде на располагање на тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, за вечерашниот дуел на гостински терен против Сандерленд во рамки на 19. коло во Премиер лигата.

„Родри се врати. Можеби ќе му дадам неколку минути на теренот, бидејќи ние како тим имаме потреба од тоа“, изјави Гвардиола на прес-конференцијата пред натпреварот.

Родри ги пропушти последните осум првенствени натпревар на кои Манчестер Сити забележа седум победи и само еден пораз.

Гвардиола најави оти е можно за дуелот со Сандерленд да се врати во тимот и Жереми Доку, кој е надвор од теренот три недели повреда.

„Можеби и Доку ќе игра“, рече Гвардиола.