Родителските грешки поради кои децата почнуваат да лажат

Воспитувањето чесни и искрени деца е она кон што се стремат повеќето родители. Сепак, родителите понекогаш не се ни свесни дека нивните постапки влијаат на децата да имаат навика сè повеќе да ги лажат.

Разбирањето на овие грешки може да им помогне на родителите да ги избегнат и да почнат да се однесуваат поинаку со своите деца.

Претерано реагирање на грешки

Кога родителите реагираат остро или луто на грешките на своето дете, оправдани или не, се создава средина на страв и вознемиреност.

Ваквото често однесување може да доведе до тоа децата да лажат за да ги избегнат негативните последици од нивните постапки, плашејќи се од казна или разочарување од нивните родители.

Поставување нереални очекувања

Родителите понекогаш ги поставуваат своите стандарди премногу високи, очекувајќи совршенство во учењето, спортот или однесувањето на нивните деца. Сепак, нивното однесување може да има спротивен ефект.

Децата може да лажат за да ги исполнат овие очекувања или да ги сокријат своите неуспеси, верувајќи дека кажувањето на вистината ќе доведе до критики или отфрлање.

Казнување на искреноста

Кога децата ќе признаат дека згрешиле и ќе ги дочекаат жестоки казни, тие учат дека искреноста води до негативни исходи.

За да избегнат строги казни, децата можат да изберат да лажат наместо да ја кажуваат вистината за своите постапки, пишува The Times of India.

Неконзистентни правила и последици

Неконзистентноста на правилата и последиците од нивното кршење може да ги збунат децата околу тоа што е прифатливо однесување.

За да не се најдат во таква ситуација, децата би можеле се почесто да лажат за да ги надминат нејасните граници и да избегнат непредвидливи казни, ризикувајќи со она што моментално им е дозволено.

Недостаток на доверба

Кога родителите се премногу сомнителни и недоверливи кон своите деца, тоа може да создаде чувство дека постојано се набљудувани и осудувани.

Децата може да лажат за да добијат автономија или за да го избегнат надзорот што доаѓа со недовербата на нивните родители.

Занемарување на отворената комуникација

Околината во која родителите не поттикнуваат отворена и искрена комуникација е онаа во која децата најчесто се чувствуваат неспособни да ги споделат своите вистински чувства или искуства.

Без безбеден простор за отворен дијалог, децата може да прибегнуваат кон лаги како начин да се заштитат или да го пренесат она што мислат дека нивните родители сакаат да го слушнат, пренесува Index.

Претерано нагласување на успехот

Силниот фокус на успехот и постигнувањата, без разлика дали се работи за училиште, спорт или други активности, може да изврши притисок врз децата да изгледаат успешни по секоја цена.

За да не ги разочараат родителите или да ги исполнат големите очекувања, децата ќе почнат да лажат за своите достигнувања или предизвиците со кои се соочуваат.