Родителите на починатите деца од Кочани: Придружете ни се на Маршот на ангелите, вашето присуство е сила

Од Здружението на граѓани 16-ти март повикуваат целата јавност да им се придружи на Маршот на ангелите. Маршот ќе почне во 15 часот и 5 минути од Паркот на слободата во Кочани.

Од Здружението на граѓани 16-ти март повикуваат целата јавност да им се придружи на Маршот на ангелите. Маршот ќе почне во 15 часот и 5 минути од Паркот на слободата во Кочани.

-Маршираме со тивка болка, но со силен глас. Маршираме за оние што не се со нас, а присутни се во секој наш здив. Маршираме затоа што им должиме вистинска правда — не половична, не одложена, не премолчена. Ова не е само марш. Ова е чекор за достоинство. Чекор за вистината да не биде скриена. Чекор за правдата да не остане недостапна. Вашето присуство е сила. Поддршка. Обврска кон нашите ангели. Да покажеме дека болката не нè скршила — туку нè обединила во борбата за она што им следува, се наведува во повикот.