Родителите на починатите деца во „Пулс”: Срамен и понижувачки е односот кон трагедијата во Кочани

Родителите на починатите деца во пожарот во „Пулс”, денеска го блокираа кружниот тек кај двојниот мост Блокадата во Кочани.

Родителите на починатите деца во пожарот во „Пулс”, денеска го блокираа кружниот тек кај двојниот мост Блокадата во Кочани.

-Срамен и понижувачки е односот кон трагедијата во Кочани и затоа од денеска секој ден во Кочани ќе се одржуваат мирни протести и блокади. Блокадите ќе траат по еден час секој ден – од 15:15 до 16:15 часот – сè додека не започне судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“.

Ова го најавија родителите на загинатите во пожарот за време на 26-тиот „Марш за ангелите“ одржан вчера пред Основниот суд во Кочани. Тие беа испровоцирани од изјавите на адвокатите на обвинетите, според кои случајот може да трае помеѓу 10 и 15 години.