Мајката и таткото на момчето коe уби девет врсници и училишен чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград смислиле план да го извлечат синот од здравствената установа каде што е сместен и да го префрлат во странство, дознава „Курир.рс“
Против мајката на момчето убиец во тек е предистражна постапка, со цел да се утврди дали во нејзините дејствија имало елементи на занемарување и злоупотреба на детето.
-Таткото и мајката смислиле план да го посети нотар во притвор, за да потпишат полномошно неговата сопруга да располага со имотот и да и даде овластување да го изнесе детето надвор од државата. Овој нивен план бил спречен во последен момент – велат исвори за српските медиуми.
Нотарската изјава им била важна на родителите бидејќи за малолетно дете да ја напушти државата неопходна е согласност од двајцата родители.
Maјката на Коста пред неколку дена беше вратена при обид да влезе во Македонија, на ГП „Прохор Пчински“.