
Родителите на жртвите од пожарот во „Пулс“ го одржаа 25-от Марш за ангелите со барања за правда и одговорност
Тие побараа целосно презентирање на сите докази, проширување на обвинението и кон други вмешани лица, јавна одговорност за пропустите во обвинителниот акт, како и итно преиспитување на решението за домашен притвор и обезбедување еднаков третман за сите осомничени.
Родителите на настраданите во трагичниот пожар во т.н. дискотеката „Пулс“ вчера го одржаа својот 25. протестен „Марш за ангелите“. Маршот започна од пред Судот во Кочани, од каде што родителите упатија остри барања до државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.
Тие побараа целосно презентирање на сите докази, проширување на обвинението и кон други вмешани лица, јавна одговорност за пропустите во обвинителниот акт, како и итно преиспитување на решението за домашен притвор и обезбедување еднаков третман за сите осомничени.
Дваесет и петтиот марш започна од „Паркот на Револуцијата“, продолжи кон Трговскиот центар, зградата на Управата за јавни приходи и полициската станица. Родителите на околу петнаесет минути го блокираа сообраќајот на кружниот тек кај двојниот мост во Кочани, а потоа се упатија пред зградите на Основниот суд и Обвинителството, за да завршат повторно во „Паркот на Револуцијата“.