
Родилка од Делчево починала на Клиниката за анестезија и реанимација во Скопје, по масовно крварење.
Жената на возраст од 26 години имала повреда на слезинка, која и прснала и била извадена на штипската болница, од каде била транспортирана во Скопје вчера попладне во тешка состојба.
На КАРИЛ веднаш била внесена во сала, а во еден момент настапило масовно крвавење
Директорот на штипската болница Ален Георгиејев за ТВ24 го потврдил случајот, а детали најавил за утре.
Засега не се знае од која причина настапила повредата на родилката, а единствено се знае дека за 26-годишната ова требало да биде прво породување.