Роберт Де Ниро со поддршка за Украина
Американскиот актер Роберт де Ниро пред студентите на Универзитетот „Кембриџ“ отворено застана против руската инвазија на Украина.
Тој пред студентите зборуваше за својата актерска кариера, но кога го прашаа за неговото мислење за Украина, тој рече: „Треба да станете и да кажете – не можете да го правите тоа, тоа е погрешно“.
„Има работи што се случуваат во светот, кои ако имате глас и гледате што се случува, имате право да кажете нешто за тоа. Морате. Тоа е ваша должност! – рече Де Ниро.
Тој нагласи дека не се работи само за демократија, туку за правилно и погрешно – за вистината.
„Мораме да направиме нешто за да го запреме овој вид агресија“ – рече актерот.