РКЕ – дизелот поскап за 8,5, а бензините за 3,5 денари за литар
Цената на дизел горивото од ноќеска на полноќ се зголемува за 8,5 денари за литар, а бензините поскапуваат за 3,5 денари-одлучи доцна вечерва Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 6,88%.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 93 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 95, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 94 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 6,50 денари за литар се зголемува малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и ќе изнесува 90 денари. Мазутот М-1 НС, пак, поскапува за 4,846 денари за килограм и ќе се продава за 59,165 денари.