Корупцијата е еден од главните глобални предизвици денес. Таа ги ослабува државните капацитети кои обезбедуваат услуги за граѓаните, ја поткопува социјалната безбедност и стабилност, ги дестабилизира бизнисите и здравата конкуренција и автоматски ја уништува довербата во јавните институции и Владата – ова е ставот на претставникот на Регионалната канцеларија за Југоисточна Европа на Канцеларијата на Обединетите нации за борба против дрога и криминал, Данило Рици.
– Организираниот криминал се проширува и просперира токму преку корупцијата, истакна Данило Рици во обраќањето на денешната Регионална конференција за борба против корупцијата во Скопје.
Патоказот за борба против корупцијата и нелегалното финансирање на Западниот Балкан ја претставува највисоката заеднички регионална цел.Патоказот има за цел да постигне ефикасни и ефективни политики и институциите да се борат против корупцијата. – вели тој.
Рици посочи дека ќе продолжат со поддршка на правните системи на земјите од Западниот Балкан во постигнување на нивните цели.