Ристоска за „24 Анализа“: Очекувам Уставниот суд да отвори предмет за измените на КЗ

Очекувам Уставниот суд да отвори предмет за измените на Кзривичниот законик со кој дополнително се амнестираат функционерите особено во делот за јавни набавки, изјави во 24 Анализа обвинителката и кандидатка за државен јавен обвинител Ленче Ристоска.

Очекувам Уставниот суд да отвори предмет за измените на Кзривичниот законик со кој дополнително се амнестираат функционерите особено во делот за јавни набавки, изјави во 24 Анализа обвинителката и кандидатка за државен јавен обвинител Ленче Ристоска.

Ристоска му порача на Претседателот на Уставниот суд дека очекува таква постапка.

„На една заедничка дебата Претседателот на Уставниот суд ми разјасни дека

во ваклви случаи Уставниот суд не ја цени само формалната уставност , однсоно процедурата во која е донесен законот , туку и материјалната уставност однсоно дали со измените навистина е променета состојбата на подобро или можеби сите забелешки кои стоеле и претходно продолжувата да постојат“- изјави во 24 анализа Ристоска

Ристоска вели дека најпроблематични се злоупотребите на јавниѕе набавки .

„ Прво за измените на КЗ од 2023 можам да кажам дека мене ми беше неверојатно со која леснотија се изгласаа ваков тип на промени кои промовираа и корупција и неказнивост на отворени врати . И сега кога јавноста е сензибилизирана за ова прашање и се води јавна дебата и во најмала рака се очекува да се врати претходното решение, се носи законско решение кое што не е она што е очекувано ниту пак е унапредено во позитивна смисланајголемите забелешки кои што ја ги имам во ова законско решение се во делот на злоупотребите на јавните набавки . Се враќа ставот 5 од 353 меѓутоа овојпат се ограничува само на две фази на јавни набавки. Првата фаза , однсоно органот требало да спроведе јавна набавак и не спровел , речси и да нема такви случаи и втората е надвор од определемната сума ќе се зголемуба висината на јавната набавка, вакво нешто беше во минатото пракс ано се повеќе се искоренува. Остануваат не адресерина оние прилагодувањ на тендери според кој сакате вие да го добие тендерот, нацртани тендери, фаворизирање на фирми, склучување на договор з ајавна набавка за кој што нема реална потреба за таа јавна набавка, толерирање на незаконитости при јавна набавка. Е сега, бидејќи не е изречно опфатено , мене ми се отвора прашањето каков став ќе заземе правнат фела, дали сето тоа што не е опфатено е декриминализирано или пак ќе одиме по став еден како минатиот пат во 2023 и ќе се оди со поблга квалифкација . Која е смислата на ваквите измени?!“- изјави во 24 анализа Ристоска.