Ристевска-Јорданова: Уставните темели се разнишани!

Еден од најгласните критичари на францускиот предлог – Малинка Ристевска-Јорданова, лен на Управниот одбор на Институтот за европска политика (ЕПИ) синоќа со објава на Твитер цени дека биле доведени во прашање темелите на македонскиот уставен систем и дека во Собранието биле надгласани етничките Македонци.

„Мнозинството во македонскиот парламент ги надгласа пратениците етнички Македонци за францускиот предлог, кој ги наметнува идентитетските прашања што ги бара Бугарија. Опасен преседан, поддржан од Европската Унија, веќе ги доведува во прашање темелите на македонскиот уставен систем и поттикнува долгорочна криза“ – напиша Ристевска-Јорданова на Твитер.