Рисима Рисимкин – „Македонска жена на годината 2025”
Десет извонредни дами, кои со својот професионален и општествен придонес континуирано поставуваат високи стандарди за деловно и етичко однесување, и кои остварија значајни успеси во изминатата година, синоќа беа прогласени за победнички во македонскиот избор за „Жена на годината 2025”. Почесната титула ја понесе авангардната кореографка за современ танц, Рисима Рисимкин.

Годинешниот избор за „Жена на годината“ започна со онлајн процесот на номинирање, кој беше достапен за целата домашна јавност. Беа примени вкупно 600 предлози.
Од сите номинирани, беше креирана листа на финалистки, по пет во секоја од категориите. За нив потоа гласаше специјализирано жири, составено од претставници на медиумите, академската заедница, организаторите и нивните соработници.
Покрај Рисимкин, која е прогласена за „Жена на годината“, добитнички на признанија се и: „Жена со трајни вредности“ – Индира Кастратовиќ, „Жена менаџер на годината“ – Јелена Спасова, „Жена со најголеми достигнувања во науката и технологијата“ – Венера Крлиу, „Млада жена менаџер на годината (до 40 години)“ – Ениса Кадрии, „Жена со најголеми достигнувања во културата“ – Наталија Теодосиева, „Жена со најголеми достигнувања во спортот“ – Ангела Мојсовска, „Жена со најголеми достигнувања за општеството“ – Моника Ризовска Таневска, „Жена со најдобар стил“ – Наташа Петровска, како и „Инфлуенсерка на годината“ – Миа Арабаџиевска.
Во рамките на конференцискиот дел на настанот, свои предавања одржаа: Павле Зимбаков, Сузанне Пазит Гева, Елена Бубало, Данчо Димков и Марина Анчевска. Организатори на настанот „Жена на годината“ (www.zenanagodinata.mk) се Маркетинг365 и Касиа Евентс.