Ризичните пациенти во Грција ќе се лекуваат од Ковид-19 со лек во домашни услови
Сите полнолетни граѓани во соседна Грција, кои се позитивни на Ковид-19 со благи или средни симптоми, а не се хоспитализирани, но кои поради сериозни здравствени проблеми се во ризична категорија тешко да се разболат, ќе можат да ја примат првата орална терапија против Ковид-19.
Тамошното Министерство за здравство соопшти дека лекот ќе се им се доставува на пациентите до дома и ќе се прима во домашни услови, откако претходно преку нивниот матичен лекар ќе достават барање за конкретната терапија.
Терапијата е наменета за лица кои имаат трансплантација на органи или се на листа на чекање за трансплантација, лица подложени на дијализа, пациенти со рак и биле подложени на третман во последната година, лица со ХИВ инфекција, со хронична бубрежна болест, со дијабетис, со кардиоваскуларни болести итн, но и во случај на појавување епидемија во домови за стари лица.