„Чекав тесното раководство на партијата да донесе одлука со која ќе се подобри досегашното едноумие во партијата, но тие со последните одлуки, го продлабочија тоа едноумие, поради што неизбежна беше мојата одлука за независно политичко делување. Сум бил и продолжувам да бидам поборник на демократизација на политичките партии, а не истите да станат легла на приватни групи”.
Ова е изјавата на пратеникот Скендер Реџепи – Зејд откако реши да ја напушти Алтернатива.
Тој нагласува дека одлуката не била лесна, но била неминовна. Смета дека нема друга заднина во неговата одлука и дека со никого не се консултирал, туку, како што нагласува, проценил дека се истрошени сите чекори за враќање на демократските вредности во Алтернатива.
Од партијата, пак, со порака – Реџепи да го врати пратеничкиот мандат бидејќи тој мандат го добил благодарение на партијата.
Сметаат дека индикативно е повлекувањето на Реџепи „во моментот кога македонската опозиција организира протести против парламентарното мнозинство“.