
Речиси две третини од Французите сакаат распуштање на Парламентот и нови избори
Малцинската влада на Бајру е поблиску до соборување следниот месец откако трите главни опозициски партии изјавија дека нема да ја поддржат на гласањето за доверба на 8 септември, кое Бајру го објави поради неговите планови за драстични намалувања на буџетот.
Околу 63 отсто од Французите сакаат распуштање на парламентот и одржување нови избори, покажаа резултатите од денеска објавената анкета на Ифоп (Ifop) за француската телевизија ЛЦИ, додека премиерот Франсоа Бајру се бори да ја одржи својата малцинска влада.
Британските медиуми појаснуваат дека анкетата на Ифоп беше спроведена онлајн вчера на примерок од 1.000 испитаници.
Малцинската влада на Бајру е поблиску до соборување следниот месец откако трите главни опозициски партии изјавија дека нема да ја поддржат на гласањето за доверба на 8 септември, кое Бајру го објави поради неговите планови за драстични намалувања на буџетот.
По најавата на премиерот Бајру француските акции и обврзници неделава без погодени од ваквата сериозна политичка неизвесност.
Одлуката за распуштање на парламентот мора да ја донесе претседателот Емануел Макрон, а според анкетата на Ифоп, 51 отсто од испитаниците веруваат дека Макрон нема да го стори тоа.
Алтернатива за распуштање на парламентот, доколку Бајру го изгуби гласањето за доверба, Макрон има во назначување нова влада.