Референдумот за пристапување на Молдавија во ЕУ ќе се одржи на 20 октомври, во исто време со претседателските избори, одлучи денеска молдавскиот парламент.
Претседателот на молдавскиот парламент Игор Гросу изјави дека владејачкото мнозинство во парламентот на седницата одлучило референдумот да се одржи на 20 октомври и дека за таа иницијатива гласале 56 пратеници од вкупно 101, пренесе РИА Новости.
Опозицијата инсистираше прашањето да се тргне од дневен ред, истакнувајќи дека во општеството нема консензус за одржување на референдумот.