Републиканката Лиз Чејни: Трамп не е способен да ги води САД
Поранешната конгресменка на Републиканската партија, Лиз Чејни синоќа учествуваше на предизборен митинг во Рипон, Висконсин, за поддршка на противкандидатката на потпретседателката и кандидатка на Демократската партија Камала Харис.
Чејни изјави дека поранешниот претседател на САД и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп „не е способен да ги води САД“.
Лиз е ќерка на поранешниот потпретседател на САД, Дик Чејни за мандатот на Џорџ Буш помладиот.
Лиз и Дик Чејни се најистакнатите републиканци кои ја поддржуваат Харис.