„Ремонт“ во Баерн Минхен, 10 фудбалери се на излезна врата

Томас Тухел – тренерот на Баерн Минхен сака да се ослободи од десет фудбалери ова лето откако тимот имаше лоша сезона која на крајот сепак беше делумно спасена со освојување на Бундеслигата во последните минути од сезоната.

Откази веќе заработија Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ, а сега од клубот ќе си заминат дури 10 играчи.

Жоао Кансело нема да остане во Баерн Минхен, а ова лето ќе бидат продадени и Лукас Ернандез, Лирој Сане и Садио Мане.

Покрај овие четворица, Германецот Тухел сака да ги продаде и Горецка, Сабицер, Гнабри, Нумбел, Зомер и Павар.