Ременски: Џафери сам одбра да се стави во фокусот!

Екс-претседателката на Собранието – Фросина Ременски на ТВ24 рече дека Законодавниот дом секогаш бил во фокус на вниманието, особено партиското. За однесувањето на Талат Џафери, таа вели дека моралните аспекти и етичките димензии секогаш имаат две страни.

„Ниту за кавга, ниту за радост, не може да биде човек еден и единствен, туку најмалку двајца. Во целата ситуација ми е нејасно за што станува збор зошто имавме информации само од медиумите, но ако се работи за комуникација со припадните на собраниските служби, ме чуди исклученоста на надлежноста на генералниот секретар на Собранието. Џафери одбра сам да се стави во фокусот на ова и индикатвно ми е како одредени снимки и одредени прашања на комуникации стануваат јавни. За мене е важно како Комисијата за мандатно имунитетни прашања ќе се постави во целата ситуација. Има најавено интерпелација која досега не се случила“ рече Ременски.