Ременски: Недостасуваше транспарентност во преговорите со Бугарија

Професорката Фросина Ременски денеска на ТВ21 рече дека смета оти недостасувало транспарентност во преговорите со соседна Бугарија.

„Дефинитивно транспарентноста отсуствуваше“ – порача Ременски.

Таа вели дека не гледа дека внесувањето на Бугарите, Црногорците, Хрватите во преамбулата во Уставот ќе биде некој проблем.

„За мене се проблематични две нешта, а тоа е дали вметнувањето ќе се бара како начин за етнички клуч во делот на вработувања во органи на државна управа бидејќи тоа ни е едно од темелните вредности на уставниот поредок и сметам дека не треба, затоа што ние сме декларирано граѓанско општество во кое што граѓанинот независно од неговата социјална, етничка, верска, политичка припадност е во центарот на вниманието и се додека не се фокусираме токму на поединецот, независно од неговите претходни епитети, ние ќе ги имаме овие дебати во јавноста“ – вели Ременски.