Рекорд на „Ролан Гарос“

На Грен слем тенискиот турнир „Ролан Гарос“ е поставен рекорд по одигрувањето на натпреварите во првото коло.

Почетната рунда на Отвореното првенство во Франција донесе 21 натпревар кој беше решен во пет сета.

Ова е рекорд на Опен ерата на сите досегашни Грен слем турнири.

Првото коло на „Ролан Гарос“ почна во неделата. Турнирот ќе трае до 11 јуни.