Рекордна инфлација во Велика Британија
Минатиот месец инфлацијата во Велика Британија достигна 6,2 проценти што е највисоко ниво регистрирано во земјата после 3 децении, објави Националната служба за статистика.
Цените на стоките за широка потрошувачка во земјата растат што придонесе за инфлаторен скок, од 5,5 отсто во јануари на 6,2 проценти минатиот месец.
Официјалните податоци британската статистика ги објави во мигови кога министерот за финасии, Риши Сунак, треба да ги објави најавените измени во буџетот насочени кон намалување на цените на трошоците за живот во земјата.