Рекорден број повторувачи оваа учебна година

Во учебната 2020/2021 година во земјава 118 ученици ја повторувале годината, додека во учебната 2021/2022 година оваа бројка изнесува 261.

Според бројките што ги објавува Државниот завод за статистика, годинава бројот на повторувачи е највисок, иако од година в година вкупниот број на ученици се намалува.

Ова е статистиката на последните пет учебни години:

2017/2018 – 192.448 ученици – 187 повторувачи

2018/2019 – 188.102 ученици – 194 повторувачи

2019/2020 – 187.240 ученици – 260 повторувачи

2020/2021 – 187.555 ученици – 118 повторувачи

2021/2022 – 186.649 ученици – 261 повторувачи