Резултатите од обдукцијата во случајот со смртта на малата Јана исклучуваат лекарска грешка

Воспаление на срцевиот мускул поради бронхопневмонија предизвикана од вирус, била причина за смртта на малата Јана во битолската болница, стои во извештајот на Судска медицина кој е доставен до битолското обвинителство.

Резултатите од Судска медицина исклучуваат лекарска грешка, а ги видел и правниот застапник на семејството Христовски, Јанаки Митрески.

Родителите на прерано починатото девојче ќе бараат и странска експертиза.