Странските системи за оружје се натпреваруваат меѓу себе во борбата со Русија, изјави за медиумите украинскиот министер за одбрана, Алексеј Резников кој тврди дека „За време на оваа војна, Украина е вистинско поле за борбени тестирања“.
„Имаме осум различни артилериски системи од 155 мм на терен, така што тоа е како натпревар меѓу системите, за да видиме кој ќе биде најдобар. Киев очекува воената помош од членките на НАТО да продолжи со години и сака да има повеќе корист од неа“ рече Резников.
„На пример, Украина би можела да започне заеднички потфати со Полска, Велика Британија или Германија за производство на оружје. Треба да ја развиеме индустријата за UAV (беспилотни летала) не само за авиони, туку и на копно и на море, бидејќи ова е иднината на војувањето“, забележа тој.
Тој, исто така, беше скептичен за ограничувањата според кои украинските поддржувачи го снабдуваат Киев со оружје.