Олексеј Резников – украинскиот министер за одбрана денеска изјави дека во руските воени акции убиени се 38 и повредени над 70 деца, според најновите проценки на жртви и штети.
Во видео обраќање, Резников изјави дека има најмалку 400 цивилни жртви и 800 повредени.
Тој рече дека во руските напади се уништени повеќе од 200 украински училишта, 34 болници и 1.500 станбени згради.
Неговите проценки се дека околу 10.000 странски студенти, од Индија, Кина и Персискиот залив, се заробени во борбите.
Резников, тврди дека украинските сили убиле над 11.000 руски војници.