Олексеј Резников – министерот за одбрана на Украина изјави дека пилотот кој го бомбардираше театарот што се користеше како засолниште за цивили во Мариупол е „чудовиште“.
Обраќајќи се пред Европскиот парламент преку видео врска, Резников рече дека пилотот ја фрлил бомбата и покрај тоа што со големи букви било испишано „деца“ од двете страни на зградата. Не е познато колку луѓе го преживеале нападот.
„Веројатно веќе сте слушнале дека театарот беше погоден со ракети, театар во кој се засолниле 1.200 жени и деца. А, на мапите, од дроновите, може да се види дека околу театарот со големи букви пишува ‘деца’, а сепак, и покрај тоа, чудовиштето фрли бомба врз театарот“ – рече Резников.