„Русија спроведува државен тероризам во Украина и ќе продолжи да напаѓа други земји“. Ова денеска во Лондон го изјави украинскиот министер за одбрана – Алексеј Резников.
Зборувајќи со неговиот британски колега – Бен Валас Резников кажа дека од почетокот на руската воена операција загинале 150 украински деца, уништени се повеќе од 400 училишта и градинки и повеќе од 110 болници.
„Ова е државен тероризам. Затоа Кремљ мора да се запре, бидејќи ќе оди понатаму. Тие ќе нападнат и други земји“ – рече Резников.
Според британските медиуми, украинскиот министер за одбрана не презентирал никаков доказ во прилог на неговото тврдење.