Резников: Најлошото сценарио на Украина во војната со Русија веќе помина

Министерот за одбрана на Украина, Олексеј Резников изјави дека зад нив е најлошото сценарио во војната со Русија.

„Најлошото сценарио на Украина во војната со Русија веќе помина“ изјави вчера тој за Си-ен-ен.

Резников додаде дека верува оти Украина е на работ на „нова фаза“ од војната со тоа што ја започна својата контраофанзивна кампања „во поинаква насока“.

„Во фаза сме на стабилизација на сите боишта или борбени линии со мали поместувања на единици и таму направивме многу добри одвраќања“ рече тој.

На прашањето дали стравува дека меѓународната заедница ќе почне да се заморува од војната, Резников рече дека „синдромот на замор“ може да ѝ наштети на борбата на Украина против Русија.