Резников: Над 66.000 Украинци се вратија за да се борат против ордата

Олексиј Резников – украинскиот министер за одбрана денеска изјави дека 66.224 Украинци се вратиле од странство за да се приклучат во борбата против руската инвазија, јавија британските медиуми.

„Толку многу мажи се вратија од странство до овој момент за да ја бранат својата земја од ордата. Ова се уште 12 борбени и мотивирани бригади! Украинци, ние сме непобедливи“ – напиша Резников во постот на социјалните мрежи.