Реза Пахлави, синoт на соборениот ирански шах, вели дека промената на режимот е единственото решение

„Сега е време да се застане на страната на иранскиот народ. Не ги повторувајте грешките од минатото. Не му давајте на овој режим човече од сламка. Уништувањето на нуклеарните објекти на режимот само по себе нема да донесе мир“, рече Пахлави на прес-конференција во Париз, објави Ројтерс.

Последниот наследник на иранската монархија, Реза Пахлави (64), денес ги повика западните земји да прифатат дека падот на сегашниот режим во Иран е неопходен за воспоставување траен мир и стабилност во регионот.

„Сега е време да се застане на страната на иранскиот народ. Не ги повторувајте грешките од минатото. Не му давајте на овој режим човече од сламка. Уништувањето на нуклеарните објекти на режимот само по себе нема да донесе мир“, рече Пахлави на прес-конференција во Париз, објави Ројтерс.

Соединетите Американски Држави, кои ги бомбардираа иранските нуклеарни објекти во саботата, рекоа дека нивната цел е да го спречат Иран да развива нуклеарно оружје, а не да шират војна.

Службениците во Вашингтон нагласија дека бомбардирањето не е насочено кон промена на режимот, но американскиот претседател Доналд Трамп во објава на социјалните мрежи во неделата навести за можноста за соборување на тврдокорните свештенички власти на Иран.

Пахлави живее во егзил речиси четири децении, откако неговиот татко беше соборен за време на Исламската револуција во 1979 година. Шахот почина во егзил следната година во Каиро, Египет, на 60 години. Имаше три брака, а зад себе остави пет деца.

Последниот шах на Иран, Реза Пахлави, на крунисувањето, 1967

Без да обезбеди докази, Пахлави, кој живее во Вашингтон, изнесе тврдења дека иранскиот режим се урива и дека врховниот лидер Али Хамнеи, неговото семејство и високи функционери се подготвуваат да избегаат од земјата.

Синот Пахлави, овој месец, ја омажи ќерка си, принцезата Иман Пахлави, за еврејско-американскиот бизнисмен, Бредли Шерман. Луксузната, но приватна, венчавка на принцезата Иман Пахлави (31) и Бредли Шерман се одржа во француската престолнина Париз на 8 јуни.

На венчавката присуствуваше и кралицата Фарах Диба, последната сопруга на сопруга на шахот Мохамед Реза, поранешен шах на Иран, кој владееше со Империјалната држава Иран до 1979 година, кога Иранската револуција го собори.

Иман, која е виш менаџер во „Американ Експрес“ во Њујорк, одеше по олтарот со својот татко, Реза.