Регистрирани 67 случаи на голема кашлица

28 нови заболени од голема кашлица покажува најнoвиот   извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 16 до 22 февруари, со што вкупниот број на регистрирани случаи е 67.

Од новозаболените хоспитализирани се 4 деца на возраст до 4 години.  И натаму Скопје има најмногу новозаболени за 7 дена, 22, а пријавени се 4 нови случаи во Тетово, 1 во Куманово и за првапт е регистриран едно заразено лице  во Струга. Заболените е на возраст од 1 месец  до 47 години, а најголем број се  до 14 години.