Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 1.088 тестови, а регистрирани се 165 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 91, Куманово и Прилеп – по 11, Кавадарци – 9, Велес – 7…
Од вкупниот број на позитивни (165), регистрирани се 39 реинфекции.
Регистрирани сe 384 оздравени пациенти од: Скопје – 127, Битола – 51, Прилеп – 30, Тетово – 24, Делчево – 18, Штип и Кичево – по 13…
Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, регистрирани се 3 починати лица, по едно лице од Скопје, Битола и Гостивар, на возраст од 70г-78г.
Сите лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 05.09-10.09.2022
Досега во земјата се направени вкупно 2.159.252 тестирања на КОВИД-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.748, бројот на оздравени пациенти е 331.595, на починати е 9.515, а бројот на активни случаи изнесува 638.