Реал Мадрид ја победи Борусија Дортмунд со 2-0 во финалето на Лигата на шампионите.
Дани Карвахал погоди за тимот на Карло Анчелоти во 74. минута, додека Винисиус Жуниор го комплетираше резултатот во 83. минута.
Гол на Фулкруг минути подоцна беше поништен поради офсајд.
Во првото полувреме Борусија Дортмунд имаше сериозна предност, „белиот балет“ немаше ниту удар кон противничкиот гол, но германскиот тим никако не успеа да ја материјализира надмоќта, а погоди и греда.
Во второто полувреме Реал Мадрид ја наметна својата волја и тактичарот Карло Анчелоти уште еднаш покажа колку е на високо ниво.
Тоа е рекордна 15-та титула во Лигата на шампионите за Реал Мадрид во последниот натпревар на Тони Крос на клупско ниво.