Денеска во Нион беше извршена ждрепката за четвртфиналето од Лигата на шампионите и потенцијалните полуфинални двојки.
Речиси и да нема неатрактивна двојка, но можеби најпривлечен е дуелот на Реал Мадрид против актуелниот шампион Манчестер Сити.
Барселона го доби ПСЖ, Арсенал ќе игра против Баерн Минхен, а Атлетико Мадрид ќе се сретне со Борусија Дортмунд.
Четвртфинале:
Арсенал – Баерн Минхен
Атлетико Мадрид – Борусија Дортмунд
Реал Мадрид – Манчестер Сити
ПСЖ – Барселона
Првите четвртфинални натпревари се играат на 9 и 10 април, реваншите се на 16 и 17 април.
Полуфинале:
Атлетико Мадрид/Борусија Дортмунд – ПСЖ/Барселона
Арсенал /Баерн Минхен – Реал Мадрид /Манчестер Сити
Првите полуфинални натпревари се играат на 30 април и 1 мај, реваншите се на 7 и 8 мај.
Финалето е на 1 јуни на Вембли во Лондон.