Ливерпул ќе бара одмазда против Реал Мадрид за поразот минатата сезона во финалето од Лигата на шампионите. Ова доаѓа откако денешната жрепка за осминафиналето во елитното фудбалско натпреварување ги спои двата клуба.
Супер пресметка се очекува да има и меѓу француски Пари Сен Жермен и германски Баерн Минхен – реприза на финалето во ЛШ од 2020 година.
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас и неговиот Наполи добро поминаа на ждрепката, во осминафиналето за противник го добија бундеслигашот Ајнтрахт Франкфурт.
Првите натпревари од осминафиналната фаза ќе се играат на 13. и 14. односно 21. и 22. февруари, додека реваншите се закажани за 7. и 8. односно 14. и 15. март следната година.
Ова се паровите за 1/8 финалето во ЛШ:
ЛАЈПЦИГ – МАНЧЕСТЕР СИТИ
КЛУБ БРИЖ – БЕНФИКА
ЛИВЕРПУЛ – РЕАЛ МАДРИД
МИЛАН – ТОТЕНХЕМ
АЈНТРАХТ Ф. – НАПОЛИ
БОРУСИЈА Д. – ЧЕЛСИ
ИНТЕР – ПОРТО
ПСЖ – БАЕРН М.