Реакција на СДСМ: ДПМНЕ тера стара плоча на лажење на прес конференции

Бидејќи немаат што да им понудат на граѓаните од ДПМНЕ тера стара плоча на лажење на прес конференции од Белата палата. Повторно, таргет за лагите на ДПМНЕ е работата на МВР, овој пат заедно со Оперативно-техничката агенција, се вели во соопштението од СДСМ.

– Прислушкувањето на граѓаните заврши со заминувањето на режимот на ДПМНЕ, сега се градат демократски институции кои им служат на граѓаните. Се она што ДПМНЕ го урна сега се обновува врз основа на закон и спроведени реформи на безбедносните служби во еден демократски и транспарентен процес, – велат од СДСМ.

Од партијата додаваат дека демант за „лагите на ДПМНЕ вчера изнесе и професионалната Оперативно-техничката агенција. Се спроведуваат постапки низ соодветна, законска процедура, под целосен надзор и контрола и со позитивно мислење од надлежните институции“.