
Реакција на грчкото МНР по изјава на Мицкоски дека „го вративме името“: Не прифаќаме фалсификување на Преспанскиот договор
„Во меѓународните договори нема де факто ситуации, нивната примена е униформна и универзална. Напредокот во билатералните односи со Северна Македонија и непреченото продолжување на европскиот пат на соседот бараат строго придржување до договорите и почитување на принципот на добрососедски односи“, пишува во соопштението објавено на интернет-страницата на грчкото Министерство за надворешни работи.
Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Преспанскиот договор нема да биде прифатен од грчката страна, пишува во соопштението на грчкото Министерство за надворешни работи (МНР) во врска со, како што се наведува, изјавите на премиерот на Северна Македонија.
„Во меѓународните договори нема де факто ситуации, нивната примена е униформна и универзална. Напредокот во билатералните односи со Северна Македонија и непреченото продолжување на европскиот пат на соседот бараат строго придржување до договорите и почитување на принципот на добрососедски односи“, се наведува во соопштението од ресорот со кој раководи Јоргос Герапетритис.
Во реакцијата од грчкото МНР се вели дека уставното име на соседната држава е Северна Македонија и дека Преспанскиот договор е дел од нејзиниот устав и е „апсолутно обврзувачки за двете страни, како на меѓународно, така и на домашно ниво“.
„Преспанскиот договор е дел од меѓународното право и неговото почитување е основа за мирен соживот на народите и државите“, се порачува во реакцијата од Атина.