
Реакции на Бегај, Рама, Бериша, мисијата на ОБСЕ по убиството на апелацискиот судија во Тирана
Длабоко сум шокиран и најостро го осудувам чинот на убиство при вршење на должноста на судијата Астрит Калаја. Овој ужасен напад врз почитуваниот судија, но и врз правдата како таква, мора да се соочи целото општество со најдлабок презир и несогласување, бидејќи овој грозоморен чин е атентат врз самиот систем, врз кој се темелат соживотот и социјалниот мир, напиша Бегај на Фејсбук.
По убиството на апелацискиот судија, Астрит Калаја, денеска попладне во сала на апелацискиот суд во Тирана, реагираа шефот на државата Бајрам Бегај, пемиерот Еди Рама, лидерот на опозициската Демократска партија, Сали Бериша и Мисијата на ОБСЕ.
Длабоко сум шокиран и најостро го осудувам чинот на убиство при вршење на должноста на судијата Астрит Калаја. Овој ужасен напад врз почитуваниот судија, но и врз правдата како таква, мора да се соочи целото општество со најдлабок презир и несогласување, бидејќи овој грозоморен чин е атентат врз самиот систем, врз кој се темелат соживотот и социјалниот мир, напиша Бегај на Фејсбук.
Премиерот Рама, изразува братско сочувство до семејството на судијата Калаја, нагласувајќи дека криминалната агресија врз судијата несомнено бара најекстремен правен одговор кон агресорот.
Но, оваа трагедија бара размислување за внатрешниот безбедносен систем на судовите, кој, покрај тоа што бара одредена технолошка опрема според законот, не може да остане прашање на избор помеѓу приватна полиција во име на независноста на судството. Верувам дека овој трагичен настан е најнеоспорен аргумент за поддршка на значителното заострување на казната за нелегално поседување оружје, напиша Рама.
Изразувајќи најдлабоко сочувство до семејството, пријателите и роднините на покојниот судија Калаја, Бериша силно го осуди криминалниот чин против судијата во судницата, што според него е „доказ за контролата на редот од страна на криминалот и големата несигурност што постои денес во земјата“, барајќи најстрога законска казна за извршителот и поттикнувачите на ова многу сериозно кривично дело.
Убиството на судијата остро го осуди и Мисијата на ОБСЕ, оценувајќи дека нападите врз судиите се директни напади врз владеењето на правото и демократските институции. Посочува дека е во солидарност со судската заедница на Албанија и останува посветено на поддршка на напорите за зајакнување на безбедноста и независноста на судскиот систем.